Ова е реалноста на македонската кошарка

По поразот од Велика Британија и загубените шанси за пласман на Европското првенство, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Раца, оцени дека Македонија во моментов нема квалитет да игра на уште една завршница на Евробаскет.

- Ова е реалноста на македонската кошарка. Играчите одиграа како што одиграа и не треба да бидат навредувани за ваквите резултати. Имавме многу проблеми, останавме без Марко Симоновски, потоа и без Дамјан Стојановски кој е клучен за овој состав, а немавме замена за него. Момците дадоа се од себе, но тоа е тоа. Не треба многу да жалиме, туку да се фатиме со работа, изјави по натпреварот селекторот Раца.

Србинот првенствено причината за лошиот резултат гледа во малата минутажа која ја имаат најголемиот дел од македонските кошаркари во своите клубови, но и неколкуте откажувања од репрезентацијата пред овие квалификации.

- Мора да бидеме свесни дека во иднина мора да се работи на тоа. Мора да се пуштат Македонците на терен. Да се направи некој систем каде мора сите играчи кои се повикани да дојдат и да играат како што тоа е случајот со, на пример, Велика Британија. Тоа е основна работа, дополни Раца.

За оваа македонска селекција сега останува формално да се одигра само уште мечот со Унгарија в сабота во Шолнок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...