Војдан, Костоски, и... толку е!

Неславно почнаа, во тој резултатски стил, барем во Солнок, и го завршија овој квалификациски циклус нашите најдобри кошаркари, на ист начин, со пораз.

Или подобро речено оние кои се одлучија ова лето да го „потрошат“ на репрезентативните активности и она што со себе го носат квалификациите за пласман на ЕП во 2017 година.



Ефектот, оној крајниот, е познат.

Во шест меча направивме две победи (двете против Луксембург), а имавме четири порази (по два од Велика Британија и од Унгарија).

Далеку од очекувањата на нашата кошаркарска јавност која бараше, но, за жал, не доби континуитет во настапите на европските шампионати кој го имавме до 2009 година па сè до оваа. Или наредната, сеедно...

А и погледот на онаа официјална статистика која ја „вади“ ФИБА дава потврда плус дека Македонија беше далеку, многу далеку од местата кои водат на следниот Евробаскет.

И во оној статистички дел од кошарката не стоиме баш добро, напротив...

Низ оние шест натпревари, на оној индивидуален план се издвоија три имиња.

Покрај капитенот Војдан Стојановски, во преден план се „појавија“ и Александар Костоски и Ромео Тревис. Но, ефектот на брзо натурализираниот Македонец нема да го земеме предвид затоа што новиот играч на Канту не ги доигра квалификациите. На свое барање, а со дозвола на селекторот, силното крило наместо во Солнок, каде овој викенд Македонија ги затвори квалификациите со минимален пораз (61:63), одлета за САД.

А и овие последни 40 квалификациски минути, многу извесно и за селекторот Драган Раца, потврдија дека Македонија нема некои „носечки столбови“, барем не во овој состав, на кои треба да се направи преку потребната „надградба“.

Факт е, а и за очекување беше дека Војдан Стојановски треба да биде прво име во овој ростер, а дека Александар Костоски е од редот на оние кои „сигурноста“ ја гради и со големиот број минути кои ги има на клупски план (како предводник на Куманово).



Тоа се покажа и во практика...

Во недостиг на еден вистински квалитет, предизвикан и со отсуството на неколку играчи кои од разно-разни причини не ги играа овие квалификации, и распределбата на минутите одеше во таа насока.

Најмногу, вкупно 172, или во просек по 28.7 на сите шест меча одигра Стојановски. Тој е и нашиот најефикасен играч ако се знае дека даде 103 поени, или во просек реализираше по 17.2 поени по натпревар.

Гледано во оној офанзивен сегмент, втор на листата и според бројот на минути, но и на онаа на најдобри стрелци е Костоски. Нашиот стартен бек одигра 158. минути или по 26.4 по меч, а со просечни 12.7 поени по натпревар, односно вкупно 76 поени.

На пет одиграни натпревари, Тревис даваше по 10.8 поени за просечни 28 минути.

И тоа се тројцата наши играчи кои имаа двоцифрен број реализации во овие квалификации.

Останатите беа далеку под тоа ниво. Но, вреди да се истакне дека најблиску до овие ефекти беше оној на Марјан Јанески, кој како одминуваа мечевите, така добиваше сè поголем „простор за игра“. Делумно и заради „празните минути“ на Дујковиќ, на крајот и отсуството на Тревис на дуелот во Унгарија, во кој силното крило на Куманово беше еден од најдобрите во нашиот тим.

Па затоа овие квалификации гостиварецот ќе ги памети и поради просекот од 8.2 поени и 2.2 скока за некои 16 минути поминати на теренот.

Или речиси сличен на оној на Кирил Николовски, кој освен 8.2 поени, има и 2.5 скока, но и одлична реализација, особено во шутот за три поени (61.5%).

Не треба да се заборави дека во оние 17 просечни минути, до повредата, Дамјан Стојановски беше на речиси од 8.5 поени, 4 скока и 2 асистенции.

Од останатите, еден од најмладите играчи во составот, Андреј Магдевски доби повеќе од 20 минути, во кои реализираше по 4.8 поени и 4.7 скока, кои го ставија на второто место кај скокачите, зад Тревис, кој има седум по натпревар.

Александар Костоски е и нашиот најдобар асистент затоа што има по 5.2 успешни додавања по натпревар. Но, и прв на листата според бројот на загубени топки (по 3.5 на меч).

На онаа според бројот на освоени топки лидер е Д. Стојановски со (1.5), а веднаш зад него е Магдевски со 1.2.

Ако Николовски беше најточен од линијата зад 6.75 метри, со навистина висок процент на реализација, во шутот за два поена, Костоски реализираше со 72%, а Јанески со 68%.

Николовски најдобро ги изведуваше и слободните фрлања, затоа што погоди 11 од 12 „пенали“ (или 91.7%), додека, пак, В. Стојановски имаше исто така високи 90.3% од линијата за слободни фрлања, но со многу повеќе обиди (28/31) во однос на Николовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...