Истанбул - нова шанса за Антиќ и „Фенер“

Каде на друго место, ако не во Истанбул?

Вака некако звучи најавата околу тоа каде би можел да се игра завршниот турнир од новото издание на Евролигата. Видно изменето, ако се знае дека во новата сезона ќе има многу помал број на екипи-учесници, само 16. но затоа пак секоја од нив ќе одигра најмалку по 30. натпревари.

Но само четири од нив ќе ја имаат тааа привилегија да обезбедат пласман за финалниот турнир, кој се поизвесно е дека повторно, за кратко времне, ќе се игра во срцето на Босфорот - Истанбул.



Многу брзо се очекува да биде објавена одлуката, која треба да ја официјализира оваа најава. Според неа, Истанбул ќе ги нагости најдобрите четири екипи во Европа. И тоа по пауза од пет години, затоа што за последен пат „Фајнал-форот“ беше на местото каде се спојуваат Европа и Азија, во 2012 година.

Или онаа која добро ја паметиме, и во која Олимпијакос, заедно со нашиот Перо Антиќ ја освои шампионската титула, во оној неверојатен трилер-меч со московска ЦСКА.

Согласно со претходните сигурни работи, евролигашкиот „Ф4“ ќе се игра во периодот од 19. до 21. мај следната година. И ќе биде нешто како увертира за она што следува. Односно првата и завршната рунда од Евробаскетот 2017 година, која исто така ќе се игра во домот на Фенербахче, „Улкер Арената“, повторно поврзуван со Перо Антиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...