МЗТ и Фени во финалето

Во првото вчерашно полуфинале македонскиот шампион беше подобар противник, и натпреварот со косовскиот вицешампион Пеќ го доби со убедливи 75:57 (по четвртини 15-12, 20-19, 25-10, 15-16).

По рамноправното прво полувреме, скопјани се одлепија во третиот период, и едноставно не му дозволија на противникот да развие своја игра, а со тоа и рутински го доиграа мечот до крај и се пласираа во финалето. Во редовите на МЗТ Скопје, со 16 поени најефикасен поединец беше Темс, додека Клоф , Мејси и Лалиќ постигнаа по 12 поени. Кај гостите од Косово, најрасположени беа Рид со 20 поени и Нихановиќ со постигнати 12 поени.

Во второто полуфинале помеѓу Фени и Кожув, гледавме апсолутно неизвесен меч. На крај, сепак, домаќинот славеше минимална победа од 78:76 (по четвртини 17-18, 20-17, 18-22, 23-19). Во текот на целата средба, двете екипи се менуваа во водство, но ниту една не успеа доволно да се одлепи, па се влезе во егал завршница.

На 11 секунди до крајот, Фени имаше предност од 77-74, но во последните три секунди се влезе со резултат 78-76, а гевгеличани имаа два пенала. Еден од подобрите поединци во гевгелискиот тим, Абрамович, ги утна двата пенала, што значеше дека домаќинот ќе игра во финалето.

Кај Фени најефикасен со 25 поени беше Павиќ, Шарабидзе уфрли 14, а Чешковиќ 12 поени. Во поразениот тим, Мек Нил и Абрамович имаа по 15.

Денеска, во 15 часот, во борба за третото место играат Кожув и Пеќ, додека од 17 часот е финалето помеѓу Фени и МЗТ, два тима кои се сретнаа и пред некој ден, но во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...