Не дојдов да бидам во патиките на Данкан

„Медија ден“ во Сан Антонио, каде традиционално новинарите се дружат со ѕвездите во тимот, па и со другиот персонал. Ништо невообичаено, би се рекло, но само до моментот кога на теренот не се појави Пау Гасол.

Или играчот за кој во Тексас веруваат дека може да го замени нивниот миленик Тим Данкан, кој летоска стави крај на својата богата играчка кариера заокружена со пет шампионски прстени.

Во оваа пригода шпанскиот ветеран објасни и зошто меѓу бројните понуди кои ги имал од НБА лигата го одбра токму Сан Антонио.

„Чувството да се биде овде е навистина сјајно. За мене е голема работа што станав дел од семејството на Спарс и што ќе имам можност да учам и да почувствувам поради што е овој клуб така добар низ сите овие години. Ќе видам колку можам да придонесам на таа доследност и колку заедно ќе можеме да постигнеме“ - објасни постариот од браќата Гасол кои се сега ривали во иста конференција, Западната.

Не заборави да каже дека ова е за него еден голем предизвик, и што по долги години ривалитет со Тони Паркер за првпат ќе има можност да биде со него на иста страна.

„Мислам дека за првпат еден против друг игравме кога јас имав 18, а тој 15 години. Оттогаш па наваму многупати бевме ривали. И овде, во САД, но и низ оние репрезентативни натпревари. Кога се зборува за репрезентативните, ги добив во поголем дел, а во НБА само оние со шампионскиот тим на Лејкерс. Но, сега ќе играме заедно. И сè што било останува зад нас и фокусирани сме на она што нè чека, со желба да прикажеме максимум“.

Иако многумина го гледаат Гасол како заменик за Тим Данкан, Шпанецот јасно става до знаење кои се неговите цели во новиот клуб.

„Би било сјајно да можев да играм со него. Но, изгледа дека тие работи секогаш се случуваат со некоја причина. Се надевам дека ќе биде тука некаде, за да можам да учам. Мојата цел не е да бидам во патиките на Данкан и местото кое остана празно по неговото заминување туку да одиграм најдобро со момците кои се овде. Што е тоа, па освојување на титулата“ - јасно порача Пау Гасол, кој во НБА настапува од 2001 година откако е одбран како трет пик на драфтот од страна на Атланта Хоукс.

Тим во кој никогаш и не заигра затоа што почна во Мемфис, продолжи во ЛА Лејкерс каде освои две титули, додека, пак, во изминатите две сезони беше дел од Чикаго Булс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...