Ќе биде сè потешко за МЗТ Скопје

Кошаркарите на Лиеткавбелис го направија најголемото изненадување во вториот круг од натпреварите во Еврокупот. Литванскиот состав потполно неочекувано, во Загреб ја совлада Цедевита со 80:76, и сериозно се приближија кон пласманот во следниот круг од натпреварите. И иако е рано да се носат заклучоци, сепак, овој втор успех на тимот од Паневежис, и тоа на гостински терен, дава такви сигнали.

А ја прави многу потешка ситуацијата за нашиот првак. МЗТ Скопје во ова коло беше слободен, а Гран Канарија на „нашите“ Мек Кејлеб и Хендрикс, со убедливиот триумф против Нижњи Новгород (106:80), на гостувањето во Русија, потврди дека е топ фаворит во оваа „А“ група.

Впрочем, слаб старт направија и другите АБА лигаши во овие две кола на Еврокупот.

Еден од актуелните ко-лидери во лигата на Јадранот, подгоричка Будуќност беше „прегазен“ од Уникаха со 62:86. А пораз запишаа и кошаркарите на У. Олимпија на гостувањето кај германскиот Улм (82:87).

Не помина добро ниту рускиот Химки. Тимот каде во улога на прв асистент е нашиот стручњак Тане Спасев, загуби на гостувањето во Фуенлабрада со 85:89, па сега е на половичен ефект (1-1) во групата „Б“.

Интересно е дека по овие уводни две кола, само три екипи се со максимален ефект „два од два“. Покрај Гран Канарија, во тој круг влегуваат уште и Лиеткабелис, и берлинска Алба, која „извади“ важна победа во Билбао (85:77).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...