Јончевски задоволен од играта и покрај поразот од Цедевита

Втор меч за МЗТ Скопје Аеродром во Еврокупот сезонава и втор несреќен пораз на пресметка со Цедевита во која сино-белите кошаркари ја имаа иницијативата и резултатската контрола речиси во сите 40 минути, но на крајот, поради замор и пад на концентрацијата не успеаја да дојдат до посакуваните бодови. Тренерот Алксандар Јончевски беше задоволен од прикажаното на неговите избраници и покрај негативниот резултат на крајот од мечот.

- Одигравме квалитетен натпревар, но неискуството на дел од играчите на крајот не чинеше пораз. Не знам по кој пат загубивме на една топка, на еден шут. И покрај се, задоволен од сите играчи, успеавме да одиграме добро. Противникот имаше повеќе офанзивни скокови, а ние слаба ротација, особено на надворешните позиции, што на крај беше решавачки. Но, нема да згрешам ако кажам дека ако победевме ние ние на крајот, тоа воопшто немаше да биде незаслужено, изјави тренерот Александар Јончевски по средбата.

Поради повреди во составот на македонскиот шампион ги немаше Ѓорѓе Дреновац, Шарлон Клоф и Марко Симоновски, но тоа не ги спречи останатите, меѓу кои првпат голема минутажа добија Адем Мекиќ и Андреј Цветковски, да одиграат борбено и да бидат многу блиску до триумф против силниот противник.

Следна шанса за прва победа во Еврокупот, кошаркарите на МЗТ Скопје ќе ја имаат следната среда, кога му гостуваат на рускиот тим Нижњи Новгород. Претходно, в недела, аердодромци ќе го одиграат дуелот од 7.коло од АБА-лигата, против Мега Мекс во Сремска Митровица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...