МКФ ги номинираше најдобрите за 2016 година

Кој ќе биде најдобриот кошаркар на Македонија за 2016 година?

Македонската кошаркарска федерација ги направи оние традиционални номинации по кои „гласачите“ ќе треба да ги одберат најдобрите во кошаркарскиот споерт за годината во која и немаме право на некои големи радости. Особено не во оние репрезентативни акции.

Сепак се играше и кошарка во домашни рамки од каде и произлегоа имињата на кандидатите.

Ги има тројца за таа главно признание, а сите три се репрезентативни имиња, Дамјан Стојановски, Александар Костоски и Кирил Николовски.

Едно кратко резиме на 2016 година вели дека Дамјан Стојановски беше прогласен за најкорисен играч во Првата лига, а со МЗТ Скопје ја освои двојната круна. Но поради тешката повреда, не го одигра вториот дел од сезоната во нашата елитна дивизија...

Костоски беше еден од најдобрите во евро-квалификациите и стандардно добар во македонскиот шампионат во годината која полека поминува.

Кирил Николовски беше еден од најдобрите кошаркари на Фени Индустри, клуб кој имаше доста добри моменти како на крајот на ланскито шампиона,т така и во овој тековниот.

Инаку, според претходно утврдениот систем на гласање кој го практикува федерацијата, се гласа максимум за 3 (три) кандидати и на нив им се доделуваат 5 (пет), 3 (три) и 1 (еден) бод. На крајот од гласањето, се собираат вкупниот број на бодови и се пресметува победникот за одредената категорија.

Прогласувањето на најдобрите ќе се одржи во јануари, на псоебна церемонија.

Избор на најдобрите во македонската кошарка за 2016

Најдобар кошаркар (сениор)

1. АЛЕКСАНДАР КОСТОСКИ ( КК КУМАНОВО - ПИТЕШТИ РОМАНИЈА)

2. ДАМЈАН СТОЈАНОВСКИ ( МЗТ СКОПЈЕ А. )

3. КИРИЛ НИКОЛОВСКИ (КК ФЕНИ ИНДУСТРИ)

Најдобра кошаркарка (сениорка)

1. НЕНА ТРАЈЧЕВСКА ( КК БАДЕЛ 1862)

2. ЕДИНА МУСА ( КК ВАРДАР )

3 АНЏЕЛИКА МИТРАШИНОВИЌ ( КК БАДЕЛ 1862 )

Најдобар тренер (сениорска конкуренција мажи)

1. А. ЈОНЧЕВСКИ ( КК МЗТ СКОПЈЕ А.)

2. М. СРБИНОВСКИ ( КК КУМАНОВО)

3. Љ. МАЛИНКОВ ( КК ФЕНИ ИНДУСТРИ.)

Најдобар тренер (сениорска конкуренција жени)

1. ПЕРО СТАМЕСКИ ( КК БАДЕЛ 1862)

2. ЕНВЕР МИФТАРИ (ШКУПИ )

3 СНЕЖАНА НИКОЛОВСКА (КК МНА КОЖУВЧАНКА )

Најдобар млад кошаркар

1. НЕНАД ДИМИТРИЈЕВИЌ (КК ХУВЕНТУД)

2. АНДРЕЈ ЈАКИМОВСКИ (КК ФЕНИКС 2010 - ТОРИНО)

3. ЛУКА САВИЧЕВИЌ (КК ВАРДАР)

Најдобра млада кошаркарка

1. МАТЕЈА НИКОЛИЌ ( КК СТЕЛА АЗУРА - ИТАЛИЈА)

2.ТИЈАНА МИТРЕВА (МНА КОЖУВЧАНКА- ИТАЛИЈА)

3 ИЛИНА СЕЛЦОВА (БАДЕЛ 1862 )

Најдобра машка екипа

1. КК МЗТ СКОПЈЕ А.

2. КК КАРПОШ СОКОЛИ

3. КК КУМАНОВО

Најдобра женска екипа

1. КК БАДЕЛ 1862

2. КК КЛУБСКИ П.- ДЕЛЧЕВО

3. КК ВАРДАР

Најдобар тренер (младинска конкуренција мажи)

1. ЃОРЃИ КОЧОВ ( КК ВАРДАР)

2. ДЕНИС ДЕРВИШЕВИЌ ( КК ФЕНИКС 2010 )

3. ГОРАН АНДРЕЕВСКИ ( КК П. ВОДНО САНС )

Најдобар тренер (младинска конкуренција жени)

1. АНЕТА ГЛИГОРОВА ( КК БАДЕЛ 1862)

2. СРЃАН ДАМЈАНОВСКИ ( ЈУНИОР – ШКУПИ)

3. ГОРЈАН СТОЈАНОВСКИ (КК МЛАДОСТ БИТОЛА)

Најдобра машка екипа младинска

1. КК ВАРДАР

2. КК ФЕНИКС 2010

3. КК МЗТ СКОПЈЕ А.

Најдобра женска екипа младинска

1. КК БАДЕЛ 1862

2. КК ЈУНИОР -СКОПЈЕ

3. КК СТРУГА 2009

Најдобар македонски кошаркар во странство

1. Војдан Стојановски (Бетис - Шпанија)

2. Перо Антиќ ( Фенербахче - Турција)

3. Предраг Самарџиски (Бујукчекмеџе - Турција)

Најдобар судија

1. АЛЕКСАНДАР МИЛОЈЕВИЌ

2. ИГОР МИТРОВСКИ

3. АЛЕКСАНДАР ПАВЛОВ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој човек што имал папагал кој зборувал многу безобразни работи.
Еданш му иделе гости.
Папагалот го ставил во фриждер.
Арно ама гостите пиеле многу кока-кола.И кога...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1398.- Монголско-туранскиот војсководец Тамерлан...
1644.- Веднаш по полнолетството на престолот...
1709.- Родена е руската царица Елисавета...
1737.- Умре Италијанецот Антонио Страдивари,...