„Летечкиот Бо“ ја презема контролата

Полека, но сигурно Лестер Бо Мек Кејлеб ја враќа онаа своја препознатлива форма. Онаа по која беше познат не само во Ервропа, кај нас, туку и во светски рамки. Почнува да заличува на оној играч пред кого застануваа сите противнички одбрани, за кого немаше играч кој не може да го помине. Така беше во Монтепаски, потоа и во Фенербахе, кратко време и во Баерн од Минхен, па така наликуваат и неговите последни игри во дресот на Гран Канарија.

Така беше и на последниот меч во 2016 година кога на Канарските Острови допатува екипата на Хувентуд.

Предводен од некогашниот македонски репрезентативец, а зошто не и иден, „сино-жолтите“ стигнаа до повеќе од убедлив триумф над составот во кој свое место доби и уште еден иден репрезентативец, Ненад Димитријевиќ (доби пет минути, но остана без ефект).

Победи учесникот во втората фаза на Еврокупот со убедливи 98:80, но што е поважно, Мек Кејлеб беше и најдобриот играч на теренот. Реализираше 17 поени, со висока реализација од поле (6/8) и слична (4/5 за еден поен), но тука стојат и пет додавања, а сето тоа во само 23 минути играње.

А сето тоа е далеку над неговиот АЦБ лигашки просек затоа што во изминатите 12 средби собра просек од 9.2 поени, плус и 3.6 асистенции и 2.2 скока, што говори за неговата играчка прогресија во овој втор дел од првата фаза на сезоната.

Онаа во која се слични и неговите бројки кога се зборува за изданијата во Еврокупот.

Во таа прва рунда која Гран Канарија ја заврши успешно (се пласираше во вториот ТОП 16 дел), на осум натпревари експлозивниот бек бележеше по 9.4 поени (трет стрелец во екипата), но и 5.4 асистенции и 1.4 скока за 20.6 минути поминати на терените, меѓу нив и оној во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, односно во дуелите против МЗТСкопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...