Антиќ на цена, покрај него само уште Осман

На половина од натпреварите во Евролигата, порталот „Еурохупс“ направи еден навистина интересен пресек.

Да, овојпат не е поврзан со некои броеви, статистики, или нешто слично, туку станува збор за тоа кој работи со најквалитетните кошаркари кои во овој момент настапуваат на Стариот контиент. пред се во најсилната европска лига - Евролигата.

А кога станува збор за нашите претставници во најсилната конкуренција, фактите велат дека во овој момент имаме само двајца кошаркари репрезентирани на највисоко можно менаџерско ниво.

И двајцата играат во првенството на Турција и тоа во најдобрите клубови од Истанбул.

Не е тешко да се погоди, тоа се Перо Антиќ, кој ја турка втората година како играч на Фенербахче, и „староседелецот“ во Анадолу Ефес, Чеди Осман.

Интересно, застапувани се од две различни менаџерски агенции од оние десет кои ја „држат“ најквалитетната европска лига.

Веќе неколку години, зад сите активности на Антиќ стои веројатно и најголемата и најдобра менаџерска групација во Европа, „Беобаскет“.

Група зад која стои Мишко Ражњатовиќ, една од најдоминатните фигури во европска кошарка. Особено ако се земе в предвид дека Антиќ е само еден од неговите 35. клиенти кои се „активен“ дел од Евролигата.

Охриѓанецот кој освен македонското има и турско државјанство е клиент на агенцијата „Истбаскет“, која пак е турска „филијала“ на „Беобаскет“, и во која во најголем дел „членуваат“ кошаркари кои се со потекло од Турција, а играта во најголемите клубови од оваа земја во која се вложуваат и најголеми пари во овој момент.

Според анализата на овој признат европски кошаркарски портал, евролигашките играчи се „разделени“ во вкупно десет менаџерски агенции и дека освен „беобаскт“, со бројката од 24 кошаркари, високо котира „Васерман“ која ја предводи уште еден српски менаџер, Александар Рашковиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...