Деновите на Роуз во Никс се одбројани?

Каде е Дерик? Тоа беше најпоставуваното прашање кај зачудените присутни навивачи во „Медисон сквер гарден“, а никој не може да даде точен одговор.

По мистериозното отсуство на Дерик Роуз на натпреварот помеѓу Њујорк и Њу Орлеанс, во САД се појавија шпекулации дека искусниот плејмејкер е пред заминување од Никс, клуб за кој потпиша минатото лето. Роуз не ја информирал управата на клубот дека има намера да го прескокне дуелот со „пеликаните“, па сега во Никс брзаат да откријат дали Роуз има желба и понатаму да игра за тимот или ќе мора да го трампаат. На кошаркарот му се заканува опасност и од суспензија поради недисциплина.

Роуз, кој во 2011 беше најкорисен играч во лигата, тогаш како член на Чикаго булс, но посеријата повреди, веќе не е елитен НБА плеј. Сезонава во дресот на Никс имаше и подеми и падови. Тимот моментно има осум порази на последните девет средби. Непојавувањето на дуелот со Пеликанс го налути раководството, особено што ниту телефонски не можеле да го исконтактираат Роуз, кој не се јавувал. Тој обично во сала доаѓал на два часа пред почетокот на мечевите, а сега сите беа зачудени зошто го нема и му вртеле, но не одговарал на повиците.

Единствената информација ја даде Жоаким Ноа, кој на новинарите им изјави дека се слушнал со Дерик, и оти тој е добар, но не кажа други детали. Роуз им испратил пораки и на други лица кои ги смета за блиски.

„Немаме доволно релевантни информации зошто Роуз не се појави. Ќе мора да почекаме тој да дојде и лично да ни објасни од кои причини не дојде. Наскоро ќе се расчисти ситуацијата“ - изјави тренерот Џеф Хорначек.

Неофицијално, Роуз има замерки за работата на тренерот Хорначек, а незадоволството кулминирало во петокот против Милвоки, кога во поголем дел од последната четвртина Роуз грееше клупа, а на терен беше недрафтуваниот дебитант Рон Бејкер.

Просекот на 28-годишниот Роуз на 33 меча сезонава е 17,3 поени, 4,5 асистенции и 3,9 скока по натпревар. Неговото место во првата петорка на Никс на завчерашниот меч го зазеде Брендон Џенингс.

Шокот од неоправданото отсуство на Роуз негативно влијаеше врз тимот, па Пеликанс славеше победа. Ентони Дејвис со 40 поени, 18 скока и три блокади за 29 минути беше доминантен поединец, а во финишот се здоби со повреда на колкот. Дејвис по 18-ти пат сезонава првата четвртина ја заврши со едвоцифрен број поени. Од 26 јануари 2016 се немаше случено гостински играч да даде 40 поени во „Медисон“. Кај њујорчаните, Кармело Ентони даде 18 поени, а беше исклучен во третата четвртина поради расправија со судиите, но најголемата грижа во Никс е неизвесноста околу Роуз.

Минесота го порази Далас благодарение на Карл Ентони Таунс и Рики Рубио. Првиот доминираше на почетокот, а Шпанецот во финишот. Таунс имаше ефект од 34 поени и 11 скока, додека Рубио постави свој сезонски рекорд од 15 асистенции, зачинети со 13 поени. За Тимбервулфс заврши серијата од четири порази по ред. Во поразениот тим најефикасни без Харисон Барнс со 30 и Дирк Новицки (првпат сезонава погоди пет тројки) со 26 поени.

Оклахома сити победнички мина на гостувањето во Чикаго, а заслугата за тоа Расел Вестбрук на кого му фалеше еден скок за трипл-дабл, Ствен Адамс со 22 и Енес Кантер со 20 поени и 11 скока. Болниот Џими Батлер не можеше да го даде својот максимум, па за „биковите“ заврши серијата од три победи едноподруго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...