Никој не го сака купот?

Организацијата на завршниот турнир во Купот на Македонија, најверојатно, ќе биде во рацете на Македонската кошаркарска федерација, освен ако не се случи некој драматичен пресврт, па во последен момент да се појави некој заинтересиран за лицитирање.

На конкурсот кој го објави МКФ, до синоќа се немаше пријавено ниту едно заинтересирано правно или физичко лице.

Јавното наддавање за организатор на финалниот турнир од Купот на Македонија ќе се одржи денеска на пладне, во просториите на МКФ. Но, сликата, како и честопати во минатото, најверојатно, ќе биде само констатирање дека никој не се пријавил, и оти никој не е расположен да уплати 500.000 денари за да биде организатор. Во вакви случаи, кога нема заинтересирани до почетокот на лицитацијата, МКФ согласно Правилникот за куп е должен да ја преземе организацијата и да одлучи во која сала ќе се игра турнирот.

Најавите се дека во нашата федерација размислуваат за две опции: Кавадарци и Скопје. Купот во машка конкуренција досега трипати се има играно во Кавадарци, и тоа во 1998, 1999 и 2008 година, и секогаш победуваа различни екипи. Соработката на МКФ со челните луѓе на Кавадарци е добра уште од летоска кога беше договорено таму да се играат мечевите на репрезентацијата на Македонија од квалификациите за Евробаскетот.

Другата варијанта е Скопје како град од кој доаѓаат најмногу учесници на финалните турнири, и има најголеми сали кои се загреани. Лани Купот се играше во Гевгелија, и можеби Кавадарци е фаворит годинава бидејќи ова раководство на МКФ како намерно да бега од Скопје за големи настани.

Во машка конкуренција ќе се игра фајнал-еит со осум тима, а кај жените фајнал-фор со четири екипи. Завршницата е закажана за викендот од 17 до 19 февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...