Убедлива победа на Голден Стејт на гостувањето кај Хјустон

Кошаркарите на Голден Стејт забележаа убедлива победа на гостувањето кај Хјустон со 125-108 во дерби натпреварот од синоќешната програма во НБА лигата.

Кевин Дурант и Стеф Кари имаа фантастичен настап, а заедно искомбинираа 56 поени и 14 асистенции. Двајцата кошаркари на Голден Стејт имаа по 7 асистенции, со тоа што Дурант средбата ја заврши како најефикасен со 32, а Кари беше втор стрелец со 24 поени.

Клинт Капела со 22 поени беше најефикасниот кошаркар на Хјустон, за кој првата ѕвезда Џејмс Харден оствари дабл-дабл улинок од 17 поени и 11 асистенции.

Најнеизвесниот натпревар се одигра во Далас каде екипата на Јута по продолжението забележа победа со 112-107, додека најефикасниот меч го одиграа Њу Орлеанс и Бруклин во кој гостите остварија победа со 143-114.

Со тројката на Роберт Ковинктон на нецели 5 секунди пред крајот на мечот екипата на Филаделфија славеше триумф пред своите навивачи во дуелот со Портланд со 93-92,

На останатите средби беа постигнати овие резултати: Шарлот – Торонто 113-78, Орландо - Милвоки 112-96, Атланта - Чикаго 102-93, Мемфис - Сакраменто 1107-91 и Лос Анџелес Лејкерс - Индијана 108-96.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...