Кармело е ол-стар замената за Лав

Крилото на Њујорк никс, Кармело Ентони, дополнително е повикан за настап на неделниот ол-стар натпревар, и тоа на местото на повредениот Кевин Лав. Така Ентони непланирано ќе биде во тимот на Истокот, но правилата се дека кога некој ќе се повреди и не може да игра како во случајов со играчот на Кливленд кавалирс, неговата замена ја бира комесарот. Адам Силвер реши Ентони да се појави во Њу Орлеанс.

Ентони беше помирен со судбината дека првпат по седум години нема да биде ол-стар, не бил лут поради тоа, и веќе имал направено други планови за викендов.

„Добро ќе ми дојде паузата за да го одморам телото и да ми се избистри умот од разни мисли, сакам да побегнам од секојдневието. Ако ми се јават да одам таму, ќе размислам дали да прифатам, но навистина сакам да ја искористам паузата“ - изјави Ентони пред само неколку дена.

Имаше најава дека на местото на Лав ќе биде повикан центарот на Филаделфија, Џоел Ембилд, но тој има проблеми со коленото, и нема да игра ниту на натпреварот „Ѕвезди во подем“, па комесарот одлучи да го повика ветеранот Ентони, кој во 2017 година има просек од 25 поени, 6,1 скока и три асистенции по натпревар. Можеби комесарот се водеше и според бројот на гласови. Кармело беше играчот на Истокот кој „извиси“ од тимот со најголем број гласови од фановите.

Како и да е, Ентони по десетти пат во кариерата ќе биде ол-стар. Сега најдобри играчи (според статистиката) од Истокот кои нема да играат на егзибицискиот атрактивен настан се Бредли Бил, Двајт Хауард, Ал Хорфорд, Кристапс Порзингис и Хасан Вајтсајд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...