Од МЗТ признаа дека се во психолошка криза

Поразот од ФМП само ја продлабочи психолошката криза во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, и „металците“ мора што побрзо да излезат од таа криза бидејќи в понеделник вечер дома играат натпревар (со Игокеа) кој мора да го добијат, ако сакаат да се изборат за опстанок во АБА лигата. МЗТ по трите победи едноподруго во АБА лигата, се чинеше дека го фати потребниот ритам, но повторно се случија повреди, прво на Стефан Синовец, па Шарлон Клоф, и на крај на Девон Ван Острум. Без нив тројца, МЗТ на драматичен начин загуби речиси добиен меч од Фени Индустри во полуфиналето на Купот на Македонија, и тој пораз очигледно остави длабока негативна трага. Нема друго објаснување за лошото издание на гостувањето кај ФМП, кога МЗТ прими 101 поен. Ниту многу посилни екипи од ФМП не успеаја да му дадат троцифрен број поени на МЗТ, но „металците“ одиграа лоша одбрана, и освен Џош Скот, немаа други расположени играчи. Клоф играше солидно, но не е во идеална физичка форма по повредата на рамото. Немањето доверба дека може да триумфираат во Железник, е една од причините за поразот.

И тренерот Анте Назор по мечот изјави дека неговиот тим како да не верувал во победата. После саботниот пораз од Фени, МЗТ имаше два дена за подготовка за дуелот со ФМП, но немаше сили да се одбрани од екипата која не знае за пораз на свој терен во 2017 година.

„Нашиот говор на телото од почетокот на средбата беше како да не верувавме дека може да победиме на оваа средба. Немавме одговор на нивната агресивна одбрана, и нашиот фокус не беше насочен кон натпреварот, за што најдобро говори бројката на загубени топки. Сега мора да се извадиме од психолошката криза по непријатниот пораз во домашниот куп и овој вечерашниот. Последните три кола од АБА лигата да ги одиграме како вистински луѓе и спортисти. За моите играчи друг начин едноставно нема. Немам друг коментар“ - изјави хрватскиот стратег.

На 27 февруари, аеродромци ја пречекуваат Игокеа, потоа следува тешко гостување кај Будуќност во „Морача“ каде никогаш не победиле, а последниот дуел сезонава во регионалното натпреварување е против Морнар на домашен терен. Математиката е дека и една победа (во зависност од резултатите на конкурентите) може да биде доволна за опстанок, а два триумфа сигурно го оставаат МЗТ во регионалното друштво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...