Луковиќ со забивање му донесе победа на Партизан против Задар

Кошаркарите на Партизан забележаа минимална победа во дуелот против Задар со 87-76 по четвртини 23:20, 24:24, 18:17 и 22:25, во последниот натпревар од 23.коло на регионалната АБА лига.

Во неизвесна завршница на средбата одиграна во Белград, некогашниот играч на Куманово и МЗТ Скопје Аеродром, Урош Луковиќ со атрактивно забивање на 5.секунди пред крајот на средбата му ја донесе на Партизан 17-победа сезонава. Гостите од Задар имаа и можност за победа, но шутот на Ковачич за „три„ со звукот на сирената беше непрецизен.

Овој пораз на Задар им оди во прилог на македонските претставници во регионалното натпреварување МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, во борбата за опстанок во лигата.

Инаку, синоќа беше одигран и првиот меч од 23.коло и тоа во Загреб, каде Карпош Соколи загуби од Цедевита со 81-77.

Денеска на програмата се две средби, Крка – Морнар и Будуќност – ФМП, додека утре ќе играат Мега Лекс – Партизан.

Оваа рунда ќе се игра се до среда за кога е закажан мечот Задар – Цибона, додека во понеделник покрај средбата МЗТ Скопје Аеродром – Игокеа ќе играат и Црвена Ѕвезда - Унион Олимпија.

Табела: Црвена Ѕвезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 18-6, Партизан 17-6, Будуќност 16-7, Цибона 12-11, Игокеа 11-12, ФМП 10-13, Олимпија 10-13, Карпош Соколи 9-15, Мега Лекс 9-14, МЗТ Скопје Аеродром 8-15, Морнар 7-16, Крка 7-16 и Задар 7-16.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...