Какво деби на Богут - со скршена нога!

До пред некое време играше за Голден Стејт, и освои титула во НБА лигата. Во текот на оваа сезона го раскина договорот со Филаделфија затоа што на неговата адреса стигна повикот од актуелниот владетел во НБА, Кливленд кавалирс.

И кога веќе дојде да му прави друштво на Леброн Џејмс, Кајри Ирвинг, Дерон Вилијамс, Кајл Корвер, кои пристигнаа во Охајо нешто порано, следуваше вистински шок за Ендрју Богут.

Во првиот настап за лидерот на Истокот, австралискиот центар ја скрши ногата. Ќе го памети Богут затоа што одигра само 58 секунди за Кливленд, на огромно разочарување кај неговите нови соиграчи, пред сè Леброн Џејмс.

„Сите бевме возбудени поради неговото ангажирање и доаѓање овде. Останува да се надеваме на најдоброто. Но, ова е тежок момент, не само за него туку и за сите нас, за нашиот кошаркарски клуб“ - призна „Кралот Џејмс“.

Магнетната резонанца потврди дека станува збор на кршење на коската - тибија. Но, и на Џејмс му станало јасно кога видел што се случи на теренот.

„Штом се случи ударот, слушнав како пукна нешто. И кога дојдов до него, рече само ’Скршена е’. Но веќе знаев дека ќе го каже тоа. Слушнав како пука. Го ’испумпа’ целиот воздух од салата“ - појасни најдобриот играч на Кавалирс за лошиот момент во оваа сезона по неговиот тим, кој се случи во втората четвртина. Односно кога Австралиецот удри силно во левото колено на крилото на Мајами, Окаро Вајт.

Тоа е крајот на 12. по ред сезона за Богут во НБА лигата. И она што е заедничко со Леброн Џејмс е фактот дека и двајцата беа први пикови на драфтот. Џејмс во 2003 кога го одбраа токму Кавси, а Богут две години подоцна кога беше одбран од Милвоки Бакс.

Играјќи за Далас, Богут бележеше во просек по 3 поени и 8.3 скокови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...