Шоу во Холивуд на ол-стар триото од Кливленд

Иако Лејкерси беа тие кои водеа во најголем дел од средбата во „Стејплс центарот“, Кавалирс одиграа доволно добро да спречат изненадување. од средината на вториот период па сè до почетокот на последниот, домашниот тим имаше предност од 11 поени.

За среќа, во Кавалирс имаат некои од најдоминатните играчи во НБА, па беше јасно дека ништо не е готово додека времето не истекне.

Уште еднаш ги предводеше Кајри Ирвинг со 46 поени, но голема помош доби од Леброн Џејмс, кој застана на 34. Свои минути имаше и третиот Ол-стар играч Кевин Лов кои ги заокружи со дабл-дабл од 21 поен и 15 скока. Кај „езерџиите“ блескаше Деанџело Расел со 40 поени и 6 скока, Кларксон реализираше 19, а Брендон Инграм еден помалку.

„Коњаниците“ остануваат на првото место на Истокот со скор 46-23, и се многу блиску да ја потврдат „единицата“. Со 20-50, Лејкерси се на претпоследното место на Западот.

Портланд победи во Мајами со многу подобра игра во второто полувреме. Демиен Лилард експлодираше со 49 поени (и пет асистенции), но имаше одлични соработници во Босанецот Јусуф Нуркиќ, кој оствари дабл-дабл од 21 поен и 12 скока и Си Џеј Меккалум со 18 поени и по пет скока и асистенции. Кај „жешките“, по 17 поени дадоа Драгиќ и Вајтсајд.

Кошаркарите на Њу Орлеанс дадоа 75 поени во второто полувреме со кои ја прегазија Минесота. Пеликанс ги предводеше Ентони Дејвис со 28 поени и 12 скока Џордан Крафорд додаде уште 22 поени, а Џру Холидеј еден помалку заедно со седум асистенции.

На другата страна, Карл Ентони Таунс уфрли 33 поени, имаше и шест скока, додека Ендрју Вигинс застана на бројот 25.

Убедливо, по нешто подолга пауза, делуваа и кошаркарите на Торонто, кои без проблеми ја минаа Индијана Пејсерс (116:91). Иако гостите имаа подобар старт, и кратко време имаа и водство, сè беше поинаку во вториот дел од играта во кој Репторс стигнаа и до плус од 27 поени, кој го задржаа до самиот крај.

Сан Антонио ја прекина мини серијата од два порази по ред, со успех над Сакраменто. Во втората и третата четвртина Спарс направија разлика од дури 31 поен. Домашните имаа седум кошаркари со двоцифрен ефект.

СЛИКА. КАЈРИ ИРВИНГ - СО ЛЕЈКЕРСИ

Ги потопи „езерџиите“ - Кајри Ирвинг



РЕЗУЛТАТИ

Бруклин - Далас 104:111

Филаделфија - Бостон 105:99

Детроит - Феникс 112:95

Торонто - Индијана 116:91

Њу Орлеанс - Минесота 123:109

ЛА Лејкерс- Кливленд 120:125

Мајами - Портланд 104:115

Сан Антонио - Сакраменто 118:102



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...