Џери Краус замина во вечноста

Долгогодишниот генерален менаџер на Чикаго булс, Џери Краус, почина на 77-годишна возраст. Краус е добро познат во кошаркарските кругови во светот како човек кој беше „архитект“ на славниот тим на Булс кој предводен од Мајкл Џордан, за осум години освои шест шампионски титули во НБА. Краус кој беше роден во Чикаго, функцијата генерален менаџер на Булс ја вршеше од 1985 до 2003 година.

Краус беше прогласуван за извршен директор на годината во 1988 и 1996. Тој е најзаслужен што дресот на Булс го облекоа Скоти Пипен, Хорас Грент, Денис Родман, Тони Кукоч, Елтон Бренд, Би Џеј Армстонг, тренерот Фил Џексон, и уште многу познати играчи кои се прославија играјќи во Чикаго.

„По веста за смртта на Џери, ова е тажен ден за Чикаго булс и целата НБА заедница. Тој беше човек посветен на една цел, да креира шампионски тим во неговиот роден град. Тој изгради династија во Чикаго. Сите ние кои бевме дел од таа негова визија и го изодевме патот до успехот, вечно ќе го паметиме“ - изјави Фил Џексон, сегашен претседател на Њујорк никс, а екс тренер на Чикаго каде беше донесен од ЦБА лигата.

Џон Пексон, кој е актуелен потпретседател за кошаркарски операции во Булс, изјави дека ако не бил Краус, тој веројатно никогаш не би заиграл за Чикаго.

„Многу му должам на Џери. Ако не беше тој во 1985 година, веројатно никогаш немаше да станам член на Булс. Тој имаше неверојатен инстинкт да почувствува талент. Тој е еден од најдобрите клупски раководители што лигата некогаш ги имала. Сочувство до неговата соптуга Телма“ - рече Пексон, кој како играч, во Чикаго остана до 1994 година.

Краус не го драфтуваше Џордан, дојде една сезона подоцна, но осети дека Мајкл има неверојатен талент околу кој може да се направи силен тим. Во 1985, го драфтуваше тогапш 22-годишниот центар Чарлс Оукли, за да не мора Џордан да биде и прв скокач во екипата како во дебитантската сезона, туку да се сконцентрира на поентирањето и играњето како бек. Но, работите не тргнаа според желбите, Џордан се повреди, и постоеше опасност да му заврши кариерата. Во 1987 го зеде Пипен, веројатно најпознатата „втора ѕвезда“ во историјата на НБА. Ниеден друг заменик на главниот играч нема дадено таков придонес за својот тим како Пипен. На првата титула чекаа до 1991 година, и откако конечно ја освоија (претходната сезона загубија од Детроит во источното финале), потоа речиси и не го даваа тронот, и до 1998 зедоа уште пет шампионски прстени. Само во 1994 и 1995 не беа прваци, но тоа беа сезони во кои Џордан беше во привремена пензија. По неговото заминување, клубот нема ниту приближно такви успеси на резултатски план.

Поради здравствени проблеми, Краус го напушти Булс во 2003 година, но работеше со неколку безбол клуба. Последното работно место му беше во Аризона дајмондбекс. Годинава треба да биде избран во Куќата на славните за придонес во НБА кошарката, но, за жал, нема да дочека да го види тој ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...