Рајковиќ на чекор до историја

Доколку екипата на Стал Остров Вјелкополски на свој терен го совлада и Асеко Гдиња на 1 април, клубот чиј тренер е Емил Рајковиќ, ќе постави нов клупски рекорд по број на победи во низа.

Македонскиот стручњак со својот полски клуб има серија од дури 10 победи едноподруго, и засега е третопласиран на табелата. А, Рајковиќ есеноска откако си даде оставка од позицијата тренер на МЗТ Скопје, кога го презеде полскиот тим, имаа скор од 0-3 и беа последни на табелата. Решија наместо Зоран Сретеновиќ да го ангажираат Рајковиќ, кој имаше искуство од работа во Полска и од претходно, кога седеше на клупата на Шласк Вроцлав. Рајковиќ во стручниот штаб го донесе и асистентот Марко Величковиќ со кого соработуваа пред неколку сезони во Работнички.

Низата почна дома на 25 јануари против Торун. Потоа славеа дома и против Роса Радом, па на гости кај Трефл Сопот. Овие три победи како да беа „катапулт“ кој ги исфрли напред, тимот се здоби со самодоверба, и продолжи да меле сè пред себе. Серијата продолжи против Сиарка, па со Полфарма, Шчечин, Даброва Горница, Кросно, Полфармекс, а јубилејната десетта победа се случи викендов на гостувањето кај Кошалин.

Ова е само вторпат во клупската историја, Стал да добие десет меча по ред. Првпат тоа се случи во сезоната 1999/2000, кога на клупата седеше тренерот Анжеј Ковалчик.

Бројките кажуваат многу за тоа во каква форма игра Стал во последните два месеци. Имаат вкупно 10 победи по ред, четири победи по ред на гостински терен, во 2017 година имаат 11 победи на 12 меча, 16 триумфи на последните 18 средби, а дојдоа до бројка и од 18 победи сезонава. Сепак, и покрај сите овие убави серии, во клубот се гладни за победи и најавуваат оти немаат намера да завршат со победување.

Пред Стал Остров се само Стелмет Зиелона гора и Анвил Влоцлавек, екипи против кои тимот на Рајковиќ загуби, но тоа беше кон крајот на минатата и почетокот на оваа година. Со Анвил кој е втор, треба да играат дома на 9 април, а две недели подоцна ќе го нагостат лидерот Стелмет, тест кој ќе биде показател дали имаат шанса за нешто повеќе во плејофот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...