Кливленд ја совлада Индијана по две продолженија

Иако Расел Вестбрук го направи својот 40. трипл-дабл сезонава, и стана вториот во историјата на НБА на кој тоа му пошло од рака, сепак, главна вест од завчерашните мечеви беше дуелот на Леброн Џејмс и Пол Џорџ. Кливленд по две продолженија ја победи Индијана, а Џејмс и Џорџ се натпреваруваа кој ќе даде повеќе поени и ќе придонесе за својата екипа. Овие две крила еден против друг играле 20 плејоф меча, но овој ќе остане запаметен.



Џорџ беше поефикасен, и даде 43 поени (надополнети со по девет скока и асистенции), но Џејмс имаше трипл-дабл од 41 поен, 16 скока и 11 асистенции, погоди клучна тројка во последната минута од второто продолжение, и неговиот тим победи. Ѕвездата на Кливленд играше дури 52 минути и првпат доби таква минутажа во меч од регуларна сезона играл во април. Нема да има многу време за одмор, вечерва играат со Орландо, а потоа патуваат за Бостон. Леброн дојде до својот 11. трипл-дабл сезонава, четврти во кариерата кога дава барем 40 поени, а ја има и втората најдолга серија во историјата на НБА по бројот на мечеви по ред (787) на кои еден поединец дава двоцифрен број поени. Рекордот го држи Мајкл Џордан со 866.

Седми пат во кариерата на Џејмс, првпат по седум години, се случува тој и некој противник на ист меч да имаат 40 или повеќе поени. Леброн и Кливленд имаат пет победи и два порази во таквите мечеви.

Во последните десет минути од регуларниот дел Џејмс беше единствениот играч на „коњаниците“ кој постигнуваше поени. Кевин Лав придонесе со 20 поени и 12 скока, а Кајри Ирвинг погоди четири слободни фрлања во последните 16,5 секунди. Кавалирс има минимално заостанување зад Бостон селтикс во битка за првото место на Истокот, а овие два тима ќе играат меѓусебе в среда вечер.

Статистиката покажува оти со Џорџ на терен, во тие 48 минути Индијана била подобра за 15 поени, но без него, во десетте минути Кавалирс имал позитива од 20 разлика и токму тие период кога Џорџ беше на клупа, го одлучија победникот. Џорџ даде 19 од последните 23 поени на неговиот тим. По овој пораз, Пејсерс остана надвор од местата кои водат во плејофот. Индијана на гостувањата има осум порази едноподруго.

Голден стејт го разби Вашингтон и дојде до својата 11. победа по ред. Стеф Кари погоди девет тројки и мечот го заврши со 42 поени. Голем придонес даде и Дрејмонд Грин, кој направи трипл-дабл, негов петти сезонава. Вориорс против источните екипи има 25-5. Бостон дојде до победата број 50 сезонава, најголем успех за тимот од 2011 наваму, а од друга страна, Феникс е во црна низа од 12 порази по ред.

Расел Вестбрук беше незапирлив за одбраната на Шарлот, и шести меч по ред направи трипл-дабл. Вестбрук првпат во кариерата има трипл-дабл против Хорнетс и сега само против Чикаго нема остварено таков подвиг. Ако уште еднаш има двоцифрен број во три различни статистички категории, бекот на Оклахома сити ќе ги стигне Вилт Чемберлен на вечната листа по број на трипл-дабли, и Оскар Робертсон по број на трипл-дабли во една сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...