МЗТ Скопје дозволи неизвесен финиш, но го победи Куманово

Кумановци добро ги испотија „металците“.

Иако во три четвртини од играта имаше двоцифрено, комфорно, водство, шампионот дозволи Куманово да дојде, да „влезе“ во пенал-завршница. За среќа, го имаа Ксавиер темс, кој имаше мирна рака, со која го победи Димитар Караџовски во заврпшната минута, на крјаот се испадна спроед очекувањата, славење, петто по ред во исто толку натпревари за бранителот на титулата.

МЗТ Скопје - Куманово 81:76 (24-13; 20-21; 16-16; 21-26)



Лалиќ и посебно Мијатовиќ, тргнаа доста ефикасно во овој дуел. Уште во првата четвртина центарскиот двоец на „металците“ реализираше по осум поени, преку кои го стигнаа до првото поголемо водство за МЗТ Скопје (22:13), кое беше и двоцифрено на истекот на 10. минута (24:13).

„Сино-белите“ од Аеродром како да се задоволија со тоа водство. Па во продолжение од играта некако се преориентираа да го одржувата, д ане падне „под десет“ поени.

Домашните кошаркари успеаа во тоа, и на големата пауза имаа скоро идентични (44:34).

пртом,ени немаше ни по оние 15 минути за одмор.

МЗТ Скопје играше онолку колку што му беше доволно да држи „растојание“ против екипата во која го немаше предводникот од клупата Марјан Србиноски. Екс селекторот ја одржуваше казната за инцидентот во Кавадарци пд пред некој ден, па ова беше и првиот мелч во кариерата на Милош Нинковиќ како прв тренер на Куманово.

Сигурно уште еден хендикеп во онаа низа со која се соочуваат кумановци во изминатиот период, во кој пред, се останаа без неколку важни играчи, и имаат достра скратена ротација.

Згора на тоа, освен Лалиќ и Мијатовиќ, во домашата екипа почна да погодува и Темс, кој стана и третиот „двоцифрен играч“ во МЗТ Скопје, кој пред истекот на третиот период дојде и до плус 13 (60:47).

Тоа беше и најголемата нивна предност во овој меч кој треба(ше) да биде реприза на ланското финале на плеј-офот.

И овој меч почна да наликува дури на почетокот на четвртата четвртина во која Куманово конечно се тргна од летаргијата. По трите „врзани тројки“ на репрезентативецот Караџовски Стигна гостинската екипа и до минус од само три поени (59:62). По уште една од Јанески, беше (63:67).

Но одговори, на ист начин, Темс (негов 18 поен), за многу порелаксирани (70:63) за домаќинот. Сепак, Караџовски и Јанески не даваа мечот да има предвремен крај за кумановци. На две и пол минути пред крајот, во СЦ „Јане Сандански“ се беше отворено, (73:68). А стан драматично откако прво Караџовски ја даде и својата четврта тројка во четвртината. А потоа, на 36 секунди пред сирената, Јанески ги погоди двете слобдни фрлања за - 2, (73:75).

Можеше да решеи Мијатовиќ. Но, ги утна двете слободни фрлања, ама среќна околност за МЗТ е што на линијата за слободни фрлања застана Караколев, кој погоди само еднаш за (74:75), и остави 19 секунди за игра.

Расположениот Темс беше непогрешлив од истата позиија, за (77:74), па редот дојде на Куманово. Во моемтите на одлука Караџовски не положи, а казни кој друг ако не Темс, за недостижни (81:76).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...