Леброн Џејмс го кажа своето - Кливленд е газда на Истокот

Бостон Селтикс имаше мало „интермецо“ во кое можеше да ужива како лидер на Истокот. Но, само до моментот кога кај нив не дојде актуелниот владетел на лигата - Кливленд.

Кавалирс ги разбија Селтикс, во секој поим на кошаркарската игра. Славеше во „ТД Гарден“ со 114:91.

И не можеше да биде поинаку кога Леброн е во свој МВП елемент. Имаше 36 поени (14/22 од игра), и уште по 10 скока, 6 асистенции и две блокади. Незапирливо за Бостон.

По „мирната“ прва четвртина која заврши со минимални 20:19. Но, во наредните два уследи вистинско „чистење“ во кои Кливленд даде дури 71, а на ривалот му дозволија „само“ 46 коша. За плус од 24 поени, недостижни за босотн, барем за овој меч.

„Келтите“ ќе имаат шанси да се „поправат“ во последните четири натпревари од регуларниот дел. Сепак, се само на една победа за Кавс, мо ќе им требаат и порази, односно нова црна серија на Кливленд, како онаа од пред две недели, во што е тешко да се поверува.

Тешко е да се поверува и тоа дека Расел Вестбрук ќе даде многу поени, а нема да запише нов трипл-дабл.

Да, Оклахома го порази Мемфис (103:100), а Расел имаше импресивни бројки - 45 поени (8/13 за три поени, рекорд на кариерата), 10 асистенции и 9 скока. Од нив дури 29 постигна во второто полувреме. Ја погоди и клучната тројка за победа на 14 секунди до крајот, по која Тандер им побегна на Гризлис на цели четири победи со кои го потврди местото број 6.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...