Атланта со голем пресврт до победата

Атланта, 10 април 2017 (МИА) – Екипата на Атланта направи голем резултатски пресврт на дуелот со Кливленд и од негатива изразена со 26 поени пред почетокот на последната четвртина, се избори за продолжение, а подоцна и победа над актуелниот шампион. Последната четвртина Атланта ја доби со 44:18.

Во победничкиот тим најефикасни беа Пол Милсап со 22 поена и Тим Хардевеј Јуниор со 21, додека кај Кливленд Кајри Ирвинг реализираше 45 поени, а Леброн Џејмс имаше „трипл-дабл“ 32 поена, 16 скокови и 10 асистенции.

Уште еден „трипл-дабл“, вкупно 42. Во една сезона оствари Расел Вестбрук кој во победата над Оклахома учествуваше со 50 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Со овој учинок Вестбрук го надмина досегашниот рекорд на Оскар Робертсон кој изнесуваше 41 „трипл-дабл“ во една сезона поставен пред 56 години.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни синоќа:

Њујорк – Торонто 97:110,

Атланта – Кливленд 126:125 (по продолжение),

Денвер – Оклахома 105:106,

Мемфис – Детроит 90:103,

Феникс – Далас 124:111,

Сакраменто – Хјустон 128:135,

ЛА Лејкерс – Минесота 110:109.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 66-14 (победи-порази), Сан Антонио 61-19, Хјустон 54-26, Јута 49-31, ЛА Клиперс 49-31, Оклахома Сити 46-34, Мемфис 43-38, Портланд 40-40,...

Пласман Источна конференција: Кливленд 51-29 (победи-порази), Бостон 51-29, Торонто 50-31, Вашингтон 48-32, Атланта 42-38, Милвоки 41-39, Индијана 40-40, Чикаго 39-41, Мајами 39-41,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...