Лазовски како посебен македонски кошаркарски уникат!

Очигледно, немајќи адекватен стручен кадар за женска кошарка, раководството на МКФ се одлучи на местото селектор на женскиот национален тим да го постави актуелниот претседател на Стручниот совет.

Дури и да не беше овој избор, Марјан Лазовски ќе остане запаметен по многу работи во македонската клупска, а потоа и репрезентативна кошарка.



„Мирното момче“ на нашата кошарка ја доби довербата да биде нов селектор на женскиот сениорски национален тим. И со тоа да стане првиот македонски кошаркарски тренер кој во својата кариера ги „споил“ двете главни селекторски функции во една национална федерација, односно во МКФ.
Како што е познато, пред изборот за нов предводник на сениорките, кои се враќаат на кошаркарската мапа во Европа, 54-годишниот стручњак беше и на истата позиција со машкиот сениорски состав.

Лазовски ја имаше таа привилегија и чест да ги предводи „црвено-жолтите“ на оној, за нас, историски настап во квалификациите за Олимпијадата кои во 2012 година се одржаа во Каракас (Венецуела).

Секоја чест за Лазовски, но тука се поставува едно друго прашање, дали навистина раководството на МКФ е толку очајно што во изборот на нов селектор постави некои „норми“,односно еден тренер кој нема никакви „допирни точки“ со поимот „женска кошарка“ во каква било форма.

И дали од толку тренерски имиња кои во овој момент работат во македонската женска кошарка, се одлучат таа позиција да ја пополнат со актуелниот прв „стручњак“ во нашата репрезентативна кошарка.



Чудно, во најмала рака, особено ако е земе предвид дека генералниот секретар на федерацијата, Моника Гаврилоска „потекнува“ токму од овој сегмент. А уште почудно е што во овој „избор“ на Стручниот совет, каде претседател е токму Лазовски, нема место ниту за легендата на македонската женска кошарка Стојна Вангеловска, но и за други имиња во светот на македонската женска кошарка како Перо Стамески, Анета Глигорова, Енвер Мифтари...

И трето, како Лазовски ќе го (о)правда своето работење ако се земе предвид дека во овој момент извршува и друга, исто така важна функција во федерацијата. Дали самиот на себе треба да си поднесе план и програм за работа на сениорскиот состав и за она што следува во квалификациите.

Или, пак, МКФ ќе му даде еден долг „тајм-аут“ од тие активности додека го носи префиксот селектор, па неговата селекторска работа ќе ја оценува другиот дел од Советот?

Кога се нема некоја национална кошаркарска стратегија, тогаш јасно е дека се можни и вакви, слободно може да се кажат „изнудени решенија“, кои се уште поверојатно, со „краток рок на траење“.

Секоја чест на Лазовски и на сето она што го дал додека е низ паркетите во Македонија почнувајќи од 2003 година кога тргна неговиот втор дел од кариерата, односно како тренер во КК Вардар, па сè низ оние наредни десетина години кои ги помина на клупата на нашите најголеми клубови како Работнички и МЗТ Скопје, но и во охридски АМАК-СП, Пелистер, Торус.

Оттука некако работите се сведуваат на тој уникатен момент.

Ако ништо друго, не по своја вина, иако нели прифатил да ја преземе оваа функција во мак-баскетот, Марјан Лазовски останува забележан како првиот македонски тренер во историјата на македонската кошарка кој работел и како селектор на сениорите, но и тоа дека, наскоро, ќе работи и како селектор на сениорките.

Секоја чест!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...