Мемфис по продолжение го совлада Сан Антонио

Мемфис, 23 април 2017 (МИА) – Екипата на Мемфис по продолжение ноќеска успеа да го совлада Сан Антонио и да изедначи на 2-2 во победи во првото коло од плеј офот во НБА лигата.

Кошот за победа од 110:108 го постигна Марк Гасол на 7 десетинки пред крајот на продолжението.

Тој дуелот го заврши со 16 поени, а најефикасен во неговиот тим беше Мајк Конли со 35 поени, додека на дуелот најпрецизен беше Каваи Ленард со 42 поена.

На вториот натпревар одигран на „Запад“ Голден Стејт го совлада Портланд со 119:113 и е на една победа до пласман во следната рунда.

На „Исток“ Атланта го доби првиот домашен натпревар против Вашингтон со 116:98, додека Торонто и во вториот дуел со Милвоки на гости победи со 87:76 и успеа да изедначи.

Резултати:

Западна конференција: Мемфис – Сан Антонио 110:108 по продолжение (2-2 во победи); Портланд – Голден Стејт 113:119 (0-3).

Источна конференција: Милвоки – Торнто 76:87 (2-2) и Атланта – Вашингтон 116:98 (1-2).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...