НБА плејоф: Вашингтон и Бостон во следната рунда

Eкипите на Вашингтон и Бостон се пласираа во конференциското полуфинале, додека составот на Лос Анџелес Клиперс се избори за мајсторка против Јута.

Ова е исходот од синоќешните три одиграни натпревари во првата рунда на НБА плејофот.

Вашингтон и Бостон закажаа меѓусебен дуел во полуфиналето на Истокот, откако двата тима славеа победи на гостински терен и тоа, Вашингтон ја совлада Атланта со 115:99 и ја затвори серијата со конечни 4-2, а Бостон го доби шесттиот дуел против Чикаго со 105:83.

Првиот меч од полуфиналето „Селтикси“ и „Визардси“ ќе го играат веќе утре од 19 часот по македонско време во Бостон.

За вечерта да мине комплетно во знак на гостите се погрижи тимот на ЛА Клиперс кој во Солт Лејк Сити ја победи Јута со 98:93 и дојде до израмнување на 3-3 во победи.

Мајсторката ќе се игра во Лос Анџелес во понеделник наутро, а победникот ќе се пласира во полуфиналето на Западната конференција каде за противник ќе го има тимот на Голден Стејт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...