Мијатовиќ: Упорноста се исплатеше!

Данило Мијатовиќ беше единствениот играч кој ги одигра сите 40. минути од ова прво финале. И беше еден од креаторите на големиот пресврт со кој МЗТ Скопје стигна до триумфот.

„Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, затоа што пред себе ја имаме добрата екипа на Карпош Соколи. Тим кој цела сезона игра добро, има атипично високи играчи кои знаат да шутираат и да погодуваат. Ние се подготвувавме да ги лимитираме со тие шутеви од надвор во целиот тек на мечот. На крајот, ја испуштивме онаа тешко стекната предност, токму затоа што погодија некои тројки. Но затоа пак ни се исплатеше онаа голема пожртвуваност, и наша уште поголема упорност . Успеавме да победиме“, вели Мијатовиќ.

Од друга Капитенот на Карпош Соколи Игор Пенов не беше премногу разочаран од крајниот епилог на првиот финален натпревар.

„Несреќно загубивме, тоа е некој мој прв впечаток. Имавме ситуација во коај можевме да славиме. Но не ја искористивме. Но тоа е кошарката. Одлучи една топка, здравје, одиме понатаму. Не е ништо страшно. Серијата е долга, и мислам дека веќе во вторник ќе биде поинаку односно Карпош Соколи победник. Знаеме дека можеме да играме со нив, се виде тоа и на овој меч, и среќата беше кај нив“- искоментира капитенот на „соколите“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...