Тешко оди враќањето на Самарџиски

Предраг Самарџиски има сериозни проблеми како да се врати во некоја натпреварувачка форма. Доказ плус за една таква констатација се и неговите изданија во оваа фаза од шампионатот на Србија, сега одново како играч на Мега лекс.

Нашиот интернационалец, кој зад себе ги остави сите лоши моменти, повредите и оперативниот зафат, барем засега не успева да направи еден вистински играчки „кам-бек“.

Така беше и на последниот меч на Мега лекс, оној против неговиот поранешен клуб Партизан.

Во седмото суперлигашко коло од шампионатот на Србија, „црно-белите“ со голем пресврт во последната четвртина славеа како гости во Сремска Митровица (84:79).

Дуел на кој нашиот искусен центар одигра само седум минути, во кои имаше два неуспешни обида од поле, како и четири скока (по два офанзивни, односно дефанзивни), една загубена топка и три лични грешки за така кратко време поминато во игра.

Впрочем, откако се врати во тимот на Мега лекс, популарниот Пеџа настапи на пет средби во домашниот шампионат, на кои во просек добива(ше) по 11 минути од тренерот Дејан Милојевиќ.

Па затоа и неговиот ефект е минорен - 1,8 поени, 2,2 скока и една асистенција, односно загубена топка на натпревар, што никако не може да го радува ниту новиот селектор Јорданчо Давитков. Секако, под услов да смета на услугите на сега веќе 31-годишниот центар на Мега лекс, кој патем кажано, запиша и два меча во АБА-лигата.

Притоа, за некои 7,5 минути поминати на теренот, дојде до просечни 2,5 поени и 2, скока.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...