Првакот доцна се разбуди

Карпош Соколи одговори на предизвикот, го победи МЗТ Скопје Аеродром, израмнувајќи на 1-1 во финалето на плејофот, и си загарантира уште еден меч на домашен терен во оваа серија која се игра во три добиени средби. Ова е историска победа за клубот од Карпош, бидејќи е прва за нив како клуб во еден меч, од финале на плејоф.

МЗТ Скопје тргна доста цврсто во одбрана и поведе со 10-3, но благодарение на високите Лабовиќ и Трајковски, домашните се вратија и веќе во седма минута изедначија на 14-14, а една минута подоцна и поведоа со 19-16. Првите десет минути завршија со нерешени и ефикасни 26-26. Екипите беа порасположени за поентирање, ги користеа ситуациите кога високите играчи беа оставани во рекет со пониски чувари.

Серијата грешки во нападот на „металците“ во првите минути од втората четвртина, придонесе за низата на „соколите“ од 7-0, по која тимот во жолти дресови поведе со 36-30 и го примора тренерот Назор да побара тајм-аут и да го повлече од игра Синовец. МЗТ привремено намали, но домашните повторно се одлепија. За разлика од првиот меч кога во првото полувреме не им функционираше шутот за три поени, сега К. Соколи беше далеку порасположен (погодија осум од првите 13 обиди), и посконцентриран на двете страни од теренот, па побегнаа на 53-40 на помалку од три минути до крајот на првото полувреме. Одбраната на аеродромци беше очајна, таа слабост домашните ја почувствуваа и ја користеа максимално за да ја зголемат својата предност која отиде и на плус од 18 поени разлика. Феноменалното шутерско издание во втората четвртина „соколите“ ја заокружија со тројка на Соколов во последната секунда и со тоа заокружија 60 поени по првото полувреме, веројатно најголем број на поени кој македонскиот првак го прими сезонава.

МЗТ делуваше немоќно и на почетокот на второто полувреме, се најдоа во огромна негатива од над 20 разлика, во нападот немаа решение. Кога МЗТ намали на 64-50 на 6 минути до крајот на третата четвртина, се создадоа тензии на трибините, но немаше инцидент, редарите и полицијата застанаа меѓу двете групи на поддржувачи кои имаа вербални дуели. Се покажа дека МЗТ колку и да се обидуваше да внесе неизвесност, домашните сепак имаа контрола на случувањата. Проблем им беа лилните грешки, Трајковски, Мавра и Пери имаа по четири фаули. „Штрковите“ се заканија кога дојдоа на 69-56, но Чомагиќ погоди тројка. Во меѓувреме, Мијатовиќ доби техничка за приговор, негова четврта, па од МЗТ го повлекоа, и останаа со пониска петорка. „Соколите“ профитираа со нови девет поени по ред, за 81-56, со што во 30. минута се чинеше дека го одлучија победникот.

Делот од публиката кој навиваше за К. Соколи, уживаше на стартот на последните десет минути, на своите им скандираа „шампиони“. Домашните играа слободно без притисок, тоа им помогна да погодуваат речиси секогаш кога ќе посакаа, а гостите пробаа да се борат само за својата чест и што попристоен пораз.

Со серија од 14-0, гостите дојдоа на негатива од 87-80 на три минути до крајот, и му покажаа на противникот дека почна да слави прерано. Сепак, Трајковски даваше кошеви во два многу важни напади, а Мавра реализираше за 93-85 и ја вратија смиреноста. Следуваше пенал завршница, финишот се оддолжи, мечот траеше повеќе од два часа.Пери погоди две слободни за 100 поени на својот тим, а кога МЗТ од контра не погоди при 100-93, веќе и дефинитивно стана јасно кој ќе триумфира.

Третиот натпревар од оваа серија се игра в петок во спортскиот центар „Јане Сандански“. МЗТ ќе мора да го одбрани домашниот терен ако сака нова титула, а К. Соколи ќе има втор обид за брејкот, кој им е неопходен, ако сакаат да имаат меч-топка на свој паркет в недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...