МЗТ Скопје и Карпош Соколи во „мајсторка“ за шампионската титула

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи попладнево ќе го играат решавачкиот петти натпревар во финалето од плејофот на домашното кошаркарско првенство.

Токму „мајсторката“ треба да го даде и одговорот на прашањето кој ќе ја освои шампионската титула за сезоната 2016/2017.

На изминатите четири натпревари домашниот терен се покажа како голема предност, па МЗТ ги доби двата меча во СЦ „Јане Сандански“, а Соколите славеа во СЦ „Борис Трајковски“.

Ќе биде ли тоа случај и во денешниот меч кој ќе се игра од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ останува да се види.

Инаку, по неколкуте преписки и „препукувања“ на двата клуба, кои во неколку наврати искажаа незадоволство од арбитражата на македонските судии на изминатите четири средби, МКФ реши натпреварот да го судат арбитри од Турција.

МЗТ Скопје Аеродром ќе атакува на својата шеста титула (во низа), додека Карпош Соколи кој веќе сезонава освои трофеј во Купот на Македонија ја „брка“ првата шампионска круна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...