Голден Стејт го доби првиот дуел од финалето со НБА шампионот Кливленд

Оукленд, 2 јуни 2017 (МИА) – Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Кливленд со убедливи 113:91 и поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј-офот во НБА лигата.

Ниту бранителот на трофејот не беше способен да ја запре победничката серија на „воините“ која трае од почетокот на плеј-офот и која изнесува 13 победи во низа.

Клучна за победата беше серијата од 13-0 која Голден Стејт ја направи на почетокот од второто полувреме.

Предводник до триумфот на својот тим беше Кевин Дурант со 38 поени и по осум скокови и асистенции. Голем удел во победата имаше и Стеф Кари кој запиша дабл-дабл ефект 28 поени и 10 асистенции надополнети со шест скока.

Во поразениот тим Леброн Џејмс се истакна со 28 поени, 15 скока и осум асистении, Кајри Ирвинг реализира 24 поени.

Финалната серија која се игра до четири победи продолжува ноќта меѓу недела и понеделник (почеток 2 часот).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...