Вориорс фаворит за титулата и во 2018

Голден стејт вориорс има најголеми шанси за освојување на шампионскиот прстен во 2018 година. На два дена откако ја покори НБА-лигата, совладувајќи го Кливленд кавалирс со 4-1 во победи, во обложувалниците во Лас Вегас, тимот од Оукленд е главен фаворит и за следната сезона, а како на можен ривал во големото финале повторно најголеми шанси му се даваат на Кливленд.

Ако вложите 250 долари на титула на Вориорс, ќе земете чисти 100 долари (помалку од половина од уплатената сума). Коефициентот на Кливленд е 3, а следуваат Сан Антонио со 10, Бостон со 12, па Хјустон, ЛА клиперс и Вашингтон со по 30. Најмали шанси му се даваат на Бруклин нетс, за кого коефициентот е дури 1.000.

Сега останува да се почека одлуката на клубот дали ќе се појави на прием во Белата куќа, кај претседателот на државата, нешто што е повеќе од стогодишна спортска традиција во САД. Првично беше објавено дека Вориорс нема да оди во Белата куќа, поради несогласувањето со некои расистички изјави што ги има давано новиот претседател Доналд Трамп. Но, најновиот став на клубот е дека прво ќе чекаат да видат дали ќе добијат покана од првиот човек на САД, а потоа дефинитивно ќе одлучат дали ќе се појават.

Тренерот на Кавалирс, Тајрон Лу, смета дека не е преголема разликата во квалитетот помеѓу финалистите.

„Не би рекол дека премногу заостануваме зад Вориорс“, изјави Лу, но Леброн Џејмс има нешто поинакво мислење.

Џејмс мисли оти тим кој во своите редови ги има Кевин Дурант, Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Клеј Томпсон, и во следните барем две-три години ќе го има главниот збор во лигата.



„Како тим, тие ќе бидат при врвот уште некое време. Мислам дека тимот им е направен со намера да трае барем уште неколку години. Повеќето од неговите главни играчи немаат ниту 30 години. Не покажуваат никакви знаци на слабост или пад во формата. Другите тимови ќе треба да бараат начин како да дојдат во ситуација да бидат рамноправни со нив во плејофот. Има ситуации кога набрзина ни правеа разлика. Го дадовме максимумот, но не беше доволно за победа против нив“, изјави Џејмс, кој е првиот играч во историјата на финалињата со трипл-дабл просек.

Аналитичарите сметаат дека на Кавалирс му треба уште еден добар играч од ол-стар калибар за да може да се справи со Вориорс. Проблем е што за следната сезона нема доволно пари во селари капот за да земе скап играч, па ќе треба да продаде некого како Кевин Лав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...