Антиќ станува заслужен граѓанин на Центар?

Перо Антиќ би можел да стане добитник на признанието за заслужен граѓанин на Општина Центар, за особени достигнувања во областа на спортот, ако Советот на Општината го прифати предлогот на градоначалникот Андреј Жерновски. Оваа награда во иднина редовно ќе се доделува на физички и на правни лица од Центар, за достигнувања во областите како стопанство, наука, уметност, култура, спорт, воспитување, образование и други.

Антиќ е жител на Општина Центар, основно училиште заврши во „Јохан Хајнрих Песталоци“ и тој е првиот македонски спортист со три освоени евролигашки титули. Играчката кариера ја почна како младинец во Работнички, каде што остана од 1999 до 2001 година. Тој е првиот и засега единствен роден Македонец кој играл во НБА-лигата, а беше и еден од најзаслужните за успехот на македонската репрезентација на Евробаскетот во Литванија, во 2011 година.

„Перо е голем спортист и човек и сметам дека првата ваква награда треба да му припадне токму нему“, напиша Жерновски на Фејсбук.

Првиот човек на Општина Центар во последните две години често ги посетува мечевите на Фенербахче во Истанбул, а тој и Антиќ имаат голема заслуга за гостувањето на Фенербахче на 70-годишнината од формирањето на Работнички.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...