Сè освен двојна круна ќе биде неуспех

Во МЗТ Скопје Аеродром велат дека во претстојната сезона, сè освен двојна круна на домашните натпреварувања и забележителен настап во АБА- лигата, ќе го сметаат за неуспех. Пред тренерот Александар Тодоров е задача да состави што е можно подобра екипа со главнина од Македонци, без да има потреба од шестмина странци. Во МЗТ веруваат дека има доволно квалитетни домашни играчи кои, надополнети со неколкумина странци и со поддршка од трибините, ќе може да ја имаат главната улога на домашната сцена, а нема да се посрамотат ниту во регионалната лига, каде што нема да има слаби екипи.

Засега, МЗТ ги ангажираше тренерот Тодоров и репрезентативецот Дамјан Стојановски, како надополнување за нашите репрезентативци Адем Мекиќ и Марко Симоновски, како и американскиот бек Ксавиер Темс, кои имаат договори и за следната сезона. Во наредниот период, клубот ќе доведе и други домашни играчи (на листата на желби се сите слободни македонски играчи што нешто значат), а потоа ќе ги пополнува празнините со странци.

Очекувањата на управата се големи, особено во делот на продолжување на доминацијата во првенството и враќањето на трофејот од Купот. Целиот фокус ќе биде на АБА и на македонската лига, па затоа клубот реши да не се пријави на ниту едно европско натпреварување како Еврокупот или Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...