Работнички носител во првата рунда

Најтрофејниот македонски клуб, Работнички, е сместен на листата на привилегирани клубови кои реваншот од првото квалификациско коло од ФИБА Европа купот ќе го играат на домашен терен. Иако е повластен на некој начин, Работнички може и да нема лесна задача во квалификациите, бидејќи еден од потенцијалните ривали му е Бујукчекмеџе, турскиот прволигаш чиј член летово стана Војдан Стојановски.

Потенцијални ривали на Работнички, покрај Бујукчекмеџе, се и: Балкан (Бугарија), Сохуми (Грузија), Сент Оливер Вирцбург (Германија), Солнок (Унгарија), КР Рејкјавик, Бнеи Херцлија, Невежис, Сибиу, Парма и Борас баскет.

Овие тимови за противници ќе ги имаат носителите: Работнички, Монс (Белгија), Рилски спортист (Бугарија), Пардубице (Чешка), Тарту рок (Естонија), Корменд (Унгарија), Стал Остров (Полска), Орадеа (Романија), Истанбул ББ (Турција), Трабзонспор (Турција), Днипро (Украина).

Првите мечеви се играат на 20 септември, а реваншот е една недела подоцна. ФИБА уште го нема објавено датумот на одржување на ждрепката.

Во второто коло од квалификациите, на 4 и на11 октомври, можни противници на скопските „црвено-бели“ се: Спиру Шарлроа, Берое, АЕК Ларнака, Ле Портел, Сомбатељи, Порто, Стеауа, Содертаље и Химик. Во оваа рунда, Работнички првиот меч би го играл дома.

Ако ги мине двете рунди, Работнички би влегол во групната фаза, во која, најверојатно, ќе се најде и Карпош соколи како потенцијален испаднат од квалификациите за Лигата на шампионите.

Работнички одамна изрази желба да се пријави за ФИБА Европа купот, уплати котизација од 10.000 евра и преку квалификации ќе брка место во групната фаза. Од квалификациите во групите ќе влезат десет екипи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...