Баркли прогнозира плејоф за „76-ките“

Легендата на НБА, Чарлс Баркли, верува дека неговиот поранешен клуб, Филаделфија 76 ерс, може да биде дел од плејофот. Славниот Баркли, кој сега работи како аналитичар, смета дека „76-ките“ имаат потенцијал во април следната година да се најдат во разигрувањето за титулата.

„Дефинитивно го гледам Сиксерс во плејофот наредната сезона. Ако Ембилд и Симонс се здрави, мислам дека тимот ќе биде во разигрувањето за титулата. Повредите многу им наштетија претходните сезони. Доколку сега бидат комплетни, ќе бидат многу добри, имаат квалитетни кошаркари. Тука се двајцата што ги споменав, Фулц и Редик, минатата сезона видовме како игра Шариќ. Навистина ќе бидам шокиран ако не се пласираат во плејофот“, изјави Баркли, кој смета дека единствениот проблем што би требало да го реши тренерот Брет Браун е како да се распредели минутажата на Симонс и на Фулц, кои се плејмејкери и сакаат да ја држат топката во свои раце.

Филаделфија, веројатно, најмногу од сите тимови во лигата зависи од здравјето на младите кошаркари. Ембилд, кој беше трети пик во 2014 година, ги пропушти првите две сезони во НБА, по две операции на стапалото. Симонс беше прв пик во 2016 година, а уште нема играно на официјален меч.

Ако ги избегнат малерите, плус со приклучувањето на искусните Џеј Џеј Редик и Амир Џонсон, би можеле да ја искористат слабоста на Источната конференција и да се најдат во плејофот, за првпат по 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...