Војдан против Дамјан, Клоф во Мурсија

МЗТ Скопје Аеродром ја прифати поканата на турскиот прволигаш Бујукчекмеџе за гостување на турнир во Турција, кој го организира новиот клуб на македонскиот репрезентативен капитен, Војдан Стојановски. На турнирот закажан за 6 и за 7 септември, ќе учествуваат два турски прволигаша и два тима од АБА-лигата. Покрај Бујукчекмеџе и МЗТ, квартетот ќе го сочинуваат уште Истанбул ББ и загрепска Цибона.

Полуфиналните мечеви ќе се играат на 6 септември, а финалето и мечот за третото место - на 7 септември. Тоа ќе биде одлична можност за шесткратниот македонски првак да ги провери своите можности, а иако станува збор за средби од пријателски карактер во време кога тимовите се во фаза на подготовки за клупската сезона, ќе биде интересно да се види првиот дуел на Војдан против неговиот брат близнак, Дамјан Стојановски. Тие двајца досега не играле еден против друг во различен дрес на некој официјален натпревар.

МЗТ Скопје е во потрага по нов плејмејкер откако Холанѓанецот Шарлон Клоф потпиша договор со шпанскиот прволигаш Мурсија. Клоф беше МВП на финалето на плејофот и добрите игри во дресот на МЗТ беа препорака да замине во далеку посилна лига и во клуб со поголем буџет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...