Ќе има ТВ-пренос за Косово - Македонија

Македонската кошаркарска федерација се избори да има ТВ-пренос од двата гостински натпревари на Македонија во претквалификациите за Светскиот Куп 2019 година.

За дуелот меѓу Косово и Македонија, кој е прв во претквалификациите за Светското првенство 2019 година, сепак ќе има ТВ-пренос.

„Македонската кошаркарска федерација заедно со спортската редакција при националниот телевизиски сервис (МРТ) успеа да изврши доволен притисок за да обезбеди сигнал за пренос на натпреварите кои нашата сениорска репрезентација ќе ги одигра на гостински терен во рамки на претквалификациите за Светското првенство 2019 година.

Нашите сениори ќе одиграат четири натпревари, два на гостински терен, два на домашен, а сите ќе можат да се проследат на првиот програмски сервис при националната телевизија (МРТ)“, се вели во соопштението на официјалната страница на МКФ.

Првиот натпревар го играме веќе утре на гостински терен против Косово. Натпреварот ќе започне во 20:15 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...