Трајковски и Маслино нови имиња во МЗТ

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром постигна договор со уште двајца македонски репрезентативци (сениорски и јуниорски): Бојан Трајковски (30 години, 208 сантиметри) и Андреј Маслинко (20 години, 208 сантиметри).

Двајцата играчи ќе треба да бидат едни од главните играчи под кошевите во играта на новиот тренер Александар Тодоров во претстојната сезона.

Трајковски минатата сезона настапуваше за Карпош Соколи, а претходно има играно и за Балкан стил, Работнички, Фени индустри, Торус, Лирија, Куманово како и за полскиот Чарни Слупск и косовска Приштина. Маслинко, пак, доаѓа од таборот на Работнички, а има настапувано и за италијанскиот младински тим Стела Азура.

Претходно, во „сино-белиот“ табор пристигнаа повратниците Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, Американецот Ерик Гарсија, како и талентираните Михајло Митев и Ранко Мамузиќ. Од минатата сезона, пак, под договорна обврска се уште и репрезентативците Марко Симоновски и Адем Мекиќ.

- „Аеродромци“ во новата сезона ќе настапуваат во АБА-лига со 12 екипи, како и во домашното првенство. Оваа сезона МЗТ Скопје почнува од самиот старт во домашната лига за разлика од лани кога во првиот дел од шампионатот не играше поради настапот и во Еврокупот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...