Најдобрите ќе се судрат на Божик

Првиот дуел во претстојната сезона помеѓу најдобрите екипи во НБА-лигата и финалисти од 2017, Голден стејт и Кливленд, ќе се игра на 25 декември. Лигата ги објави петте натпревари кои се закажани за католичкиот Божик, а најголемо дерби е она помеѓу Кавалирс и Вориорс, кое ќе се игра во арената „Квикен лоунс“ во Кливленд.

Другите четири меча се Филаделфија - Њујорк, Вашингтон - Бостон, Хјустон - Оклахома сити и Минесота - ЛА лејкерс. Филаделфија за првпат после 16 години ќе игра на Божик, Селтикс првпат во својата историја ќе игра дома на овој датум, ќе се гледа пресметка меѓу двајцата кандидати за МВП на минатата сезона, Вестбрук против Харден, а пред спиење, публиката ќе го проследи дуелот на Лејкерс со клубот од градот во кој „езерџиите“ играа како домаќини во далечното минато.

Претстојната сезона почнува невообичаено рано, на 17 октомври, и тоа е најран старт на регуларната НБА- сезона во последните 37 години. Во 1980 година, сезоната почна на 10 октомври. Идејата за подранетиот старт е играчите да имаат повеќе денови одмор. На вториот ден од сезоната, на 18 октомври, Филаделфија гостува во главниот град на САД и може да има несекојдневна ситуација на тој меч, во лигата да дебитираат два први пика на драфтот (ланскиот Бен Симонс и годинашниот Маркел Фулц).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...