Евробаскетот 2021 не е недостижен за Македонија

Во случај на црно сценарио кое е реално остварливо, а тоа е Косово утре на свој терен да ја победи Естонија, со што Македонија би се нашла во Б-дивизијата, сепак, не се загубени шансите за пласман на Евробаскетот 2021 година. „Црвено-жолтите“ ќе немаат можност да учествуваат во квалификациите за Светското првенство кое во 2019 година ќе се игра во Кина, но тоа не значи пауза за нив. Веќе во ноември годинава би почнале разигрување за првите четири места во Б-дивизијата, што би им донело претквалификации за ЕП 2021.

Ако дојде помош од Естонците и тие триумфираат во Косово, тогаш ние ќе бидеме втори во групата од овие претквалификации и ќе играме квалификации за СП 2019, мечеви кои, исто така, стартуваат во ноември оваа година. Но тоа не значи дека со сигурност ќе бидеме дел од квалификациите за ЕП 2021, туку, можеби, ќе треба да играме и претквалификации, заедно со најдобрите од новоформираната Б-дивизија.

Според изгледот на групите од претквалификациите, во Б-дивизијата наши ривали би биле Албанија, Португалија, но и незгодни тимови како Словачка, Ерменија и БиХ. Веројатно, во Б-дивизијата би се пријавиле и некои други земји со не толку богата традиција како Данска, Малта, па и Кипар, кои би се обиделе да влезат во А-дивизијата и да добијат шанса да играат претквалификации за ЕП 2021.

Ако во 2009 година учествуваше на Евробаскетот на кој играа 16-те најдобри во Европа, а во 2011 беше четврта европска сила според резултатот на ЕП во Литванија, сега нашата машка сениорска репрезентација е на прагот да не биде ниту меѓу 32. најдобри на Стариот Континент. Ова би било огромен чекор назад за Македонија и нејзино прво враќање во Б-дивизијата поради слаби резултати. И во минатото, таа беше во Б-дивизијата, но како казна од ФИБА за фалсификување пасоши на некои млади играчи во тоа време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...