Тодоров: Благодарност до навивачи кои не понесоа кон победата

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Тодоров се заблагодари на навивачите за поддршката на неговите избраници во текот на дуелот со Партизан.

- Прво и најважно од се една огромна благодарност за сите оние кои дојдоа во салата за првпат по подолго време да ни дадат поддршка, бидејќи без нивното присуство ќе беше непријатно пред онаа група навивачи на Партизан. Ми беше пријатно што повторно се сетив како беше во МЗТ во „лименката“ при последниот мој престој тука. Тоа е за атмосферата, рече Тодоров на прес-конференцијата по натпреварот.

Што се однесува до натпреварот, одигравме слаба одбрана со примени 48 поени во првото и 41 во второто полувреме. Сепак на крајот успеавме да победиме едно големо име во кошарката. Тоа ќе ни даде сила и многу мотиви. Ова е само една победа од она што го имаме зацртано, а ќе ни требаат уште десет. Ме радува фактот што македонските играчи на крајот ја преземаа одговорноста. Треба да останеме присебни, да не не фаќа еуфорија, ни следуваа нови предизвици, потенцира предводникот на „штрковите“.

МЗТ Скопје синоќа го победи Партизан со 92:89 во првиот настап од новата сезона во регионалната АБА лига.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...