Втора сезонска победа за МЗТ Скопје во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа втората победа оваа сезона во АБА-лигата, откако синоќа во Лакташи со фантастична игра во нападот ја совладаа фаворизираната Игокеа со 108:99.

Во последниот дуел од 4. коло во регионалното натпреварување, триумфот за македонскиот шампион беше сосема заслужен, бидејќи „сино-белите“ водеа во најголемиот дел од средбата. Шутот беше на високо ниво со дури 13 постигнати тројки и 60-отстотна прецизност во ударите за два поени, а МЗТ доминираше и во скокот со дури 22 скока повеќе во однос на противникот (46:24).

Дамјан Стојановски постигна 23 поени и тоа по перфектното прво полувреме во кое реализира 17 поени без ниту едно промашување од поле (7/7). Јордан Минчев блесна со 19 поени, Бојан Трајковски и Бред Бејли реализираа по 17, а Јуре Лалиќ застана на 14 поени.

„Штрковите“ веќе утре ќе го пречека тимот на Шкупи во меч од 2. коло од домашната Првата лига, а следен противник во АБА-лигата му е тимот на Цибона, кој следниот понеделник ќе гостува во „Јане Сандански“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Му пишува на Хасо братот Мујо од Америка:"Брате Хасо, време е да им поделиш па луѓето оружје."
Кога прочитал Хасо се исплашил и го однел ппсмото во милиција.
Кога го прочитале...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
18 февруари 2013 (МИА)
1405.- Во текот на инвазијата која ја предводеше...
1455.- Умре италијанскиот сликар Фра Анџелико,...
1516.- Родена е англиската кралица Мери Прва...