Тодоров: Шутерски добро, одбранбено катастрофално

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Тодоров на прес-конференцијата по синоќешната победа над Игокеа беше задоволен од триумфот и ефикасноста, но повторно ја потенцира слабата игра во одбраната.

МЗТ победи (108:99) во меч на кои двете екипи заедно постигнаа преку 200 поени, нешто што не се гледа често во европската кошарка.

Беше тежок натпревар затоа што игравме против една одлична екипа. Почнавме шутерски добро, одбранбено катастрофално, па затоа на полувремето имавме ситуација 63:57 што повеќе наликуваше на НБА „Ол-стар“ отколку на дуел од АБА лига. Во второто полувреме тренерот на ривалот се обиде со некоја нестандардна петорка, Рајт на „петка“ и со четири „ниски“ да не развлечат со цел да дојдат до позиции за лесни поени. Ние успеавме таа ситуација добро да ја решиме. Но кога ќе примите 99 поени, тоа е далеку од добро. Сепак на крајот победивме одлична екипа и според мене еден од најголемите фаворити за „фајнл фор“. Продолжуваме со амбициите да стигнеме до некои 9-10 победи, изјави Александар Тодоров.

Предводникот на „сино-белите“ додаде дека еден од клучните елементи за триумфот на неговата екипа се 22-та скокови повеќе во однос на Игокеа. МЗТ Скопје по 4.коло во АБА лигата има половичен ефект од две победи и два пораза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...