Оклахома го победи Далас со 112:99 ноќеска на домашен терен, а најдобриот играч во победничката екипа имаше интересен одговор на прашањеto од новинарите „Што му подари на Вестбрук за роденден?“
- Му подарив 37, одговори Џорџ алудирајќи на бројот на постигнати поени, што предизвика смеа кај претставниците на медиумите.
Џорџ покрај 37 постигнати поени, имаше осум скока и пет асистенции и беше најзаслужен за триумфот на Оклахома. Неговиот соиграч Вестбрук средбата ја заврши со 27 поени, шест скока и пет асистенции.
Во редовите на Далас се истакна Харисон Барнс со 22 поени.