Давитков: Без калкулации, одиме на победа

Македонската кошаркарска репрезентација в недела ја пречекуваат селекцијата на Словачка против која нов триумф очекува селекторот Јорданчо Давитков.



- Нема да калкулираме. Одиме на победа, победивме во Попрад, се надевам дека ќе победиме и в недела. Треба да одиграме максимално, но желбата е само триумф.

Противникот има солидна екипа, со екстра-играч Курич кој е извонреден шутер. Го имаат уште Седма, кој е искусен и малку постар, но сепак може да помогне. Тука е и тренер кој доаѓа од екс-Ју просторите. Но, што и да е, мислам дека по победата во Словачка треба повторно да победиме, изјави Давитков на денешната прес-конференција.

Има место за простор за напредок во нападот. Играчите веќе ја препознаваат мојата филозофија на игра. Со Швајцарија беше малку стегнато, имаше притисок, но сега мислам дека ситуацијата ќе биде поинаква. Сите 16 играчи се појавија на првиот собир, на овие тренинзи што ги имавме досега работат солидно.

Тоа е и очекувано, затоа што се наоѓаат во топ-форма. Имаме мал проблем со Димитријевиќ кој е повреден. Се мачи со повреда на препоната. Синоќа не тренираше, се наоѓа на лекарски прегледи, додаде македонскиот селектор.
На неговите зборови се надоврза и капитенот Војдан Стојановски.

- Сите од играчите знаеме колку е важен овој натпревар за нас. Најважно е да нема опуштање в недела и да одиграме како што знаеме. Не треба да дозволиме победата во Попрад да не опушти, Ако почнеме добро во одбрана нема да имаме проблем на натпреварот.
Натпреварот ќе се одигра в недела (25 февруари) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 15минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...