МЗТ Скопје сака преполовување на бројот на странците

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром покрена иницијатива за намалување на бројот на странците, од шест на четири во следната сезона, а потоа и на три во сезоната 2019/20.



Аеродромци сметаат дека со ограничување на странските кошаркари на тројца, македонските играчи ќе добиваат поголема минутажа, а со тоа во иднина бенефиции ќе имаат и клубовите и македонските селекции.

-Веруваме дека е крајно време да се редуцира присуството на странски кошаркари во прволигашките клубови, со цел поголема шанса да добијат македонските таленти, кои потоа би не извлекле од калта во која сега се наоѓаме сите. Ова би бил прв чекор на патот кон рехабилитација на македонската кошарка на клупски и на репрезентативен план, за која сме сведоци дека е далеку од времето кога бевме четврти во Европа односно седми во АБА-лигата, стои во соопштението на „сино-белите“.

МЗТ Скопје Аеродром за оваа иницијатива побара поддршка од сите членови на Собранието на МКФ, пред се од прволигашите и од Здружението на кошаркари.

- Првиот чекор секогаш е најтежок, а тоа е да се признае дека постои проблем, поради што како шампиони сме подготвени да го направиме самите. Но, се надеваме дека нашата иницијатива набрзо ќе прерасне во заедничко барање до Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и тоа со консензус на сите оние кои му сакаат добро на овој спорт кај нас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...