Џејмс: Не сум загрижен, иако играв лошо

Ѕвездата на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс демонстрираше смиреност, и покрај тешкиот пораз од Бостон во првиот натпревар од финалето во Источната конференција на НБА.

Кавси загубија со 83:108, а „кралот“ го одигра најслабиот дуел во својата кариера во плејофот, откако заврши со 15 поени, со шут од игра 5/16, 7 грешки, а со него на паркетот, гостите губеа со минус 32 поени. Сепак, тој остана смирен.

- Во оваа фаза воопшто не сум загрижен. Тоа е почетокот на серијата, а идејата е со нејзиното напредување да се подобриме. И другпат сме заостанувале со 0-1 и 0-2, па воопшто не сум загрижен, без разлика колку лошо сум играл, рече Џејмс.

Леброн и понатаму е уверен во својот тим, а по два дена ќе имаат нова можност да покажат што знаат. Статистиката вели дека гостинот од Охајо постигнал само 4 тројки од 26 обиди, а вкупно беа прецизни во само 35 отсто од упатените удари.

- Шутот од дистанца е важен дел од нашата игра. Дури и во овој натпревар имавме обиди од добри позиции, кои ги промашивме. Во следните натпревари сигурно треба да се справиме подобро, но ако ја движиме добро топката и излегуваме во добри позиции, тогаш сè ќе биде добро, рече тој.

Кливленд, исто така, загуби од Индијана на почетокот на плејофот, но потоа успеа да направи целосен пресврт.

- Тогаш се случи нешто слично. Изгубивме со 18 поени дома. Игравме лошо, па затоа треба веднаш да реагираме, додаде, пак, Кајл Корвер од Кавс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...