Голден Стејт на чекор до одбрана на шампионскиот прстен

Кливленд, 7 јуни 2018 (МИА) – Кошаркарите на Голден Стејт забележаа победа и на третиот натпревар од финалната серија во НБА плејофот против Кливленд и направија голем исчекор кон одбрана на шампионскиот трофеј.

„Воините“ рано утрово се радуваа на триумф со 110:102 на гостувањето кај „Кавалирс“ и покрај тоа што домаќините добро го отворија мечот, а на полувреме имаа шест поени предност (58:52). Сепак, со подобра игра во вториот дел шампионите направија резултатска предност и сега се на само еден чекор до потребните четири победи.

Со 43 поени, 13 скокови и седум асистенции Кевин Дурант беше најзаслужен за победата на Голден Стејт.

Во поразениот тим Леброн Џејмс стигна до „трипл-дабл“ – 33 поени, 11 асистенции и 10 скока, но и тоа не беше доволно Кливленд да го запиша првиот поен во финалето.

Четвртиот дуел, кој може да биде и последен во серијата е закажан за ноќта меѓу петок и сабота, повторно на теренот на Кливленд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...